Репрезентацијата на Летонија стигна до златен медал во баскет на Олимписките игри откако ја совладаа Русија со 21:18.
Во финалето гледавме еден возбудлив натпревар и егал до последниот момент. Русите водеа во поголем дел од натпреварот, но во финишот испуштија четири поени предност и Ласманис со клучните поени го сврти натпреварот во корист на Летонците.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Токму тој погоди двојка за голема радост на Летонија во завршницата.
Ќе потсетиме, Србите беа најголеми фаворити за златен медал во баскет, но тие завршија на третата позиција после поразот од Белгија во полуфиналето. Во натпреварот за бронза ја победија Белгија.