Дома Топ вести Летна трансфер „бомба“: Габриел Жесус во Серија А

Летна трансфер „бомба“: Габриел Жесус во Серија А

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус ова лето би можел да се пресели во Серија А.

Габриел Жесус не е задоволен од својот статус на „Етихад“ и е спремен да ја промени средината, па Интер и Јувентус сакаат да ја искористи таквата ситуација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Гвардиола сака да го задржи Бразилецот бидејќи Агуеро е на залез на својата кариера.

Сепак, Бразилецот е спремен да се пресели во Серија А и наводно неговиот агент веќе работи на трансферот.

Лаутаро Мартинез најверојатно ова лето ќе го напушти Интер, но и ќе ја наполни касата на клубот, па „нероаѕурите“ сакаат да го заменат со напаѓач од светска класа.

Од друга страна пак Јувентус бара замена за Гонзало Игуаин и смета дека Жесус би бил идеален партнер за Роналдо.

Италијанските медиуми тврдат дека двата клуба се спремни да понудат 80 милиони евра за потписот на Габриел Жесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…