Лестер покажува сериозен интерес за младиот играч за врска на Брест, Ибрахима Диало, пренесуваат медиумите на Островот.
20-годишниот млад француски репрезентативец со своите настапи оваа сезона го привлече вниманието на многу европски клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лисиците“ сакаат да ја победат конкуренцијата и да го доведат во своите редови ушфе во зимскиот преоден рок, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Диало по својата конституција и стилот на игра многу наликува на Канте, фудбалер кој својата фудбалска промоција ја доживеа токму во Лестер.
Диало има договор со Брест до 2023 година и неговата вредност на пазарот во моментов изнесува 20 милиони евра, сума која „лисиците“ се спремни да ја платат.