Дома Фудбал Англија Лестер имаше таличен гостин на трибините: Овој човек го има насекаде!

Лестер имаше таличен гостин на трибините: Овој човек го има насекаде!

Специјален гостин на Лестер на натпреварот против Севиља беше Нголо Канте, човекот кој минатата сезона беше еден од најзаслужните за историскиот успех.

Канте моментално блеска во дресот на Челзи, но не ги заборава старите другари. Французинот ги бодреше поранешните соиграчи во херојскиот подвиг и на крајот се радуваше на нивиот пласман во четвртфиналето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Канте не е човек кој се смее често, делува многу сериозно на теренот и надвор од него, но овој пат беше радосен за победата на своите пријатели.

Социјалните мрежи беа полни со коментари за Канте, од тоа дека е таличен за Лестер, до тоа дека овој човек го има насекаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Цела Италија му се смее на Мората – промаши цел гол од два метри (Видео)

Шпанскиот голгетер Алваро Мората прво се истакна со асистенција за водечкиот гол на Комо п…