Дома Топ вести Леонардо: Мбапе 100% останува во ПСЖ

Леонардо: Мбапе 100% останува во ПСЖ

Спортскиот директор на Пари Сент Жермен, Леонардо е категоричен дека Килијан Мбапе ќе остане во клубот и покрај силните шпекулации.

Во последно време се погласни се шпекулациите дека Реал Мадрид наредното лето е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд за Килијан Мбапе.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Шпекулациите додатно ги разгоре и Зинедин Зидан кој јавно изјави дека голема желба на самиот Мбапе е да заигра за Реал Мадрид и дека е „заљубен во него“.

„Тоа ли го кажал? Не разбрав за тоа. Единственото нешто кое што го знам е дека Мбапе 100% останува во ПСЖ. Се останато нема никакво значење“, истакна Леонардо и додаде:

„Напредуваме бавно кого е во прашање неговиот нов договор, но сепак има некаков прогрес. Сепак, не се брзаме, Килијан има уште долг договор со нас“.

ПСЖ во моментов води преговори за нов договор со Мбапе и се спремни да го направат Французинот најплатен фудбалер на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…