Дома Фудбал Останато Лемар очаен, сака во Англија: Ве молам, купете ме!

Лемар очаен, сака во Англија: Ве молам, купете ме!

Играчот за врска на Монако, Томас Лемар очигледно има голема желба да заигра во англиската Премиер лига.

Лемар во разговор за „Telefoot“ изјави дека е разочаран што претходно Монако одби да го продаде на Арсенал и Ливерпул, па сега се надева дека овие клубови повторно ќе „чукнат“ на вратата на францускиот тим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Нема да го сокријам тоа, бев малку разочаран, но се обидувам да не размислувам за тоа. Продолжив да работам, па се надевам дека овие клубови и следното лето ќе испратат понуди“, изјави Лемар.

Лемар има договор со Монако до летото 2020. година, а наводно франускиот клуб бара речиси 90 милиони евра за својот играч, кој оваа сезона постигна три гола со осум асистенции на 29 натпревари. Во петокот играше против Колумбија во дресот на Франција на пријателскиот натпревар, а најверојатно ќе го промени клупскиот дрес на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aрсенал летово веќе потроши речиси 300 милиони евра, а сега присигнува и уште едно засилување

Арсенал, иако потроши 293.5 милиони евра за нови играчи, не запре тука, бидејќи управата н…