Дома Останати Авто Мото Леклер со порака до Фетел: Ми беше чест да бидам твој тимски колега

Леклер со порака до Фетел: Ми беше чест да бидам твој тимски колега

Ферари утрово потврди дека Себастија Фетел на крајот од сезоната ќе го напушти италијанскиот тим.

Фетел во Ферари пристигна пред пет години од Ред Бул, но во болидот на легендарната екипа не блескаше многу. Иако неколку месеци преговарале околу продолжување на соработката на крајот Ферари и Фетел не успеале да постигнат договор.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот тим утрово ја потврди вест и ќе биде занимливо да се види кој ќе го наследи неговото место. Наводно, во игра се Карлос Саниц и Даниел Рикардо.

На Твитер се огласи и вториот возач на Ферари, Карлес Леклер, кој му се заблагодари на Фетел и порача дека многу научил од него претходната сезона.

„Беше голема чест да бидам твој тимски колега. Имавме неколку напнати моменти на стазата. Некои беа добри, а некои не завршија како што сакавме, но пред се тука беше почитувањето иако многумина не го видоа тоа. Никогаш не научив толку како претходната година од тебе. Ти благодарам Себ.“ – порача Леклер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тешко е да ја препознаете: Еве како изгледа Мото ГП патеката во Валенсија по поплавите 🎥

Oд големите поплави во Валенсија уништена е и тркачката патека Рикардо Тормо во Мото ГП. Д…