Лионел Меси ова лето пристигна од Барселона во ПСЖ.
Аргентинецот после 20 години мораше да го напушти каталонскиот гигант поради лошата финансиска ситуација. Барса не можеше да си го дозволи неговиот договор, ПСЖ веднаш реагираше и ги исполни неговите барања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со ПСЖ Меси потпиша договор на две години со опција за продолжување на истата на уште една сезона. Секако договорот има огромни финансиски бројки.
Реномираниот „Л’Екип“ откри детали од договорот кој Меси во ПСЖ и податоците изгледаат неверојатно.
Лео така за три години колку што би можел да остане во ПСЖ ќе инкасира неверојатни 110 милиони евра.
Платата на Меси е 30 милиони евра по сезона, а покрај неа ќе има 10 милиони евра за лојалност во втората и третата сезона. ПСЖ на Меси ќе му исплати и дополнителни милион евра во криптовалути.
Очигледно Меси и тоа како добро го наплати заминувањето од Барселона.