Судбината на Србинот со австриски пасош е неизвесна, но сепак тој пронајде време да им одговори на критичарите.
Во англиските медиуми се пишува дека новиот тренер на Вест Хем, Дејвид Мојс, би можел да се ослободи од Арнаутовиќ веќе во јануари, односно дека напаѓачот ќе ги напушти „чеканите“ после само четири месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, Гери Невил упати жестоки критики кон овој фудбалер.
„Можам да толерирам само еден играч да не се враќа во одбраната, тоа е Роналдо. Тој постигнува 40 погодоци една сезона. Но, Арнаутовиќ, тој мисли дека е Кристиано, замислува дека е подобар отколку што навистина е“, изјави Невил за поранешниот фудбалер на Интер и Стоук.
Но, напаѓачот не му остана должен.
„Имам респект за Невил за сето она што го постигна како играч и му симнувам капа. Но неговата работа сега е да критикува. Дали тој е тренер? Всушност, видовме каков тренер е, нека седи на телевизија и нека зборува“, одговори Арнаутовиќ.
Јасно, Арнаутовиќ алудираше на епизодата на Невил во Валенсија кога успеа да победи на само 10 од 26 натпревари и заработи отказ.