Манчестер Јунајтед сезоната ја отвори со победа над Челзи од 4:0, но тој резултат не е реален, покажаа следните натпревари.
Во следните три кола, Јунајтед освои само два бода, ремизираа со Вулверхемтпон и Саутемптон, доживеаа пораз на „Олд Трафорд“ од Кристал Палас. Јасно е дека има многу недостатоци во играта на екипата на Солскјер, а легендата на клубот Пол Сколс тврди дека проблем е во најискусните играчи во екипата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој зборуваше за натпреварот против Саутемтпон, во кој Јунајтед не успеа да го искористи тоа што имаше и играч повеќе во последните 20 минути.
„Разочаран сум. Проблемот беше токму кога Мата го напушти теренот. Бев изненаден, бидејќи сметав дека ако може нешто да се направи, дека тука е Мата. Но, не бев разочаран од младите играчи, тука имаше искусни играчи. Кога Матиќ влезе, константно ја губеше топката, Јанг исто така, не знам колку пати Погба ја загуби топката. Тоа се луѓе на кои младите играчи гледаат, пример кои го гледаат“, изјави Сколс.
Поранешниот играч за врска истакна дека на Јунајтед ќе му треба време да застане на нозе.
„Мислам дека едвај можеме да го изградиме Јунајтед за следните две години, овој тим, додека Солскјер не направи се што сака, има четири или пет трансфер периоди. Јунајтед ќе биде зад Сити, Ливерпул, Челзи и Тотенхем. Мислам дека тоа е Јунајтед во овој момент. Морате да бидете трпеливи со младите играчи, но искусните мораат да ја превземат одговорноста во свои раце. Видовме многу пати колку грешки прават искусните играчи. Тешко им е на младите играчи да интегрираат во тимот на тој начин“, изјави Сколс.