Дома Фудбал Останато Легендарниот руски репрезентативец ќе биде тренер во Србија

Легендарниот руски репрезентативец ќе биде тренер во Србија

Легендарниот руски репрезентативец, Александар Кержаков ќе биде тренер на Спартак Суботица во наредната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српските и руските медиуми веќе потврдија дека договор е постигнат и поранешниот капитен на Зенит и руската репрезентација ќе го преземе српскиот тим.

Преговорите помеѓу Кержаков и Спартак траеле неколку дена и на крајот успеѓшно се завршиле. Постигнат е договор за соработка до 2025 година со можност за продолжување.

Според најавите заедно со Кержаков во клубот ќе пристигнат уште најмалку двајца тренери од Русија. Кержаков по завршувањето на играчката кариера работеше со младинските селекции на Русија, а потоа ги водеше второлигашот Тома и Нижњи. Последен негов клуб беше Кармиотис од Кипар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните непријатно изненадени: Еве што доживеаја пред натпреварот со Мексико на Светското првенство

Фудбалерите на Англија и Мексико ќе играат во понеделник во два часот по средноевропско вр…