Некогаш најдобриот фудбалер во светот Бразилецот, Роналдињо Гаучо сооошти дека во 2018 година ќе ја заврши кариерата.
Легендарниот фудбалер веќе две години е без клуб откако го напушти Фламиненсе после само три месеци, но има намера да заигра за уште еден клуб пред стави крај на кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Постои голема шанса да ја завршам кариерата следната година. Простувањето би можело да биде во некои од клубовите каде што настапував, ќе морам да размислам за тоа. Кога ќе се повлечам од фудбалот ќе се посветам на музичките проекти или фудбалските школи. Тоа е нешто ново за мена, ќе морам да се прилагодам“, изјави Роналдињо на конференцијата за медиуми во татковината.
Роналдињо веќе две години игра егзибициони натпревари ширум светот, а ја извршува и улогата амбасадор на Барселона.
Бразилецот кој сега има 37 години кариерата ја започна во Гремио, па настапуваше за ПСЖ од каде што направи трансфер во Барселона, а токму тука ја достигна најголемата слава, потоа следуваа авантури во Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, мексиканскиот Керетаро и Фламиненсе.
Во 2004 и 2005 година беше прогласуван за најдобар фудбалер во светот.