Клод Макелеле веќе долги години е во фудбалска пензија, но додека играше фудбал беше меѓу најдобрите играчи на својата позиција.
Макелеле добро се сеќава на деновите во Реал Мадрид чиј дрес го носеше три години. Го памети по добро, иако неговиот почеток беше комплициран.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во разговор за FourFourTwo легендарниот Французин се потсети на својот најтежок период додека играше на Сантијаго Бернабеу.
„Во текот на мојот прв месец во Реал цел стадион ми свиреше секогаш кога ќе ја допрам топката, но кога почнавме да победуваме се’ се промени.“ – рече Макелеле.
Поранешниот француски репрезентативец за три години освои две лигашки титули, два шпански Супер купа, Европски Супер куп и најпрестижниот, Лига на шампиони во 2001. година.
Макелеле после Реал играше во Челси и ПСЖ, а се прости од фудбалот во 2011. година. Пред трансферот во Реал беше член на Марсеј, Селта и Нант.