Дома Останати Легендарниот Кипчоге го урна сопствениот рекорд во Берлин

Легендарниот Кипчоге го урна сопствениот рекорд во Берлин

Кениецот Елиуд Кипчоге на маратонот во Берлинг го урна сопствениот рекорд откако 42.195 метри истрча за два часа, една минута и девет секунди и тоа е 30 секунди побрзо од неговиот претходен рекорд.

Од почетокот беше јасно дека Кипчоге ќе има одлично време, додека во завршницата стануваше јасно дека ќе го сруши рекордот, па во тие моменти имаше голема поддршка од публиката.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Зад Кипчоге заврши Марк Корир со време од два часа, пет минути и 58 секунди. Третата позиција му припадна на Таду Абате со два часа, шест минути и 28 секунди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…