Фудбалерот на Баерн Минхен Роберт Левандовски во интервју за германски „Билд“ изјави дека го допрел говорот кој неговиот колега Лео Меси го имал при добивањето на Златната топка која според мислењето на многумина требаше да ја добие полскиот голгетер.
Левандовски на церемонијата во Париз се закити со утешната награда за најдобар напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ме допреа зборовите на Меси. Добив впечаток дека тоа не се празни зборови, туку искрен говор. Тоа беше убав момент во мојата кариера. Разменивме неколку збора лице во лице, но мојот шпански не е баш добар, а Лео не зборува англиски. Разговарав со Мбапе на англиски, а тој му преведуваше на Меси. Беше тоа голема ноќ“, изјави Левандовски.