Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски не може да се пофали со некоја посебна ефикасност во Лигата на шампионите откако дојде во Барселона, но против Наполи успеа да сруши рекорд кој досега беше во сопственост на Лионел Меси.
Левандовски ја доведе Барселона во водство, а подоцна Наполи преку Осимен дојде до реми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со тој гол Полјакот стана највозрасниот фудбалер кој постигнал гол за Барселона во елитното натпреварување.
Рекордот претходно го држеше Меси со голот против ПСЖ во март 2021 година. Аргентинецот погоди со 33 години и 259 дена. Левандовски сега го држи рекордот со 35 години и 184 дена. Ќе потсетиме, Ламин Јамал на истиот натпревар стана најмладиот фудбалер на Барселона што заиграл во Лигата на шампионите (16 години и 223 дена).