Една од најголемите НБА ѕвезди, Леброн Џејмс (35) го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс на уште две години за 85 милиони долари.
Џејмс кој на крајот на месецот ќе го прослави 36. роденден ќе остане во Лејкерси до крајот на сезоната 2022/2023 која ќе биде негова 20. сезона во НБА лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува „ЕСПН“ Џејмс во наредната сезона ќе заработува 39.2 милиони долари, 41.1 милион долари во езоната 2021/2022 и 44.4 милиони долари во последната сезона. Оваа сезона Џејмс ги предводеше Лејкерси до титулата во НБА, претходно два прстени освои со Мајами (2012, 2013) и еден со Кливленд (2016).
Ќе потсетиме, Лејкерси неодамна се засилија со три одлични кошаркри, Монтрези Харел, Денис Шродер и Марк Гасол па во новата сезона повторно ќе бидат најголем фаворит за титулата.