Дома Останати Кошарка НБА Леброн се присети на финалето од 2011: Тоа ме прогонува

Леброн се присети на финалето од 2011: Тоа ме прогонува

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс имаше интересен коментар на пресконференцијата по победата во првиот меч од големото финале во НБА-лигата.

Лејкерс успеаа да го победат Мајами со убедливи 116-98 и во моментов водат со 1-0 во финалето на најсилната кошаркарска лига.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Леброн беше неверојатен и постигна 25 поени, 13 скокови и девет асистенции, а „Кралот“ сега вели дека е фокусиран максимално на следниот натпревар, зашто не сака да се повторат некои грешки од минатото.

„Кралот“ се присети на неговото лошо искуство од 2011 година, кога во првиот меч убедливо славеше со Мајами против Далас, но потоа се опушти и нивниот ривал го освои шампионскиот прстен.

„Тоа ме прогонува и денеска. Далас на тој меч ни одржа лекција и направи пресврт. Имам искуство од тоа финале, па знам како треба да реагирам. Не сакам да ми се повтори истата грешка“, изјави Леброн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…