Aмериканците на секое натпреварување се први фаворити за титулата, па затоа четвртото место на неодамна завршеното СП во САД беше прифатен трагично.
Во САД се сметаат за најдобри, па Леброн Џејмс и се извини на јавноста што Мундобаскетот не бил сфатен сериозно и најави дека ќе го предводи составот на ЛОИ во Париз каде што се очекува да бидат најголемитре ѕвезди на Американците.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не се грижите, доаѓа Леброн и ќе бидеме многу силни на Олимписките игри. Време е да ги вратиме САД на светскиот трон. Момчињата на Стив Кер одиграа квалитетен турнир, но потфрлија во клучните натпревари.
Во Париз мора да отпатуваме со силна екипа и да покажеме зошто сме најдобри кошаркари во светот. Малку ја зафркнавте работата на Мундобаскетот, јавноста очекуваше златен медал, но видовме што се случи“, изјави Леброн.