Еден од најдобрите кошаркари во историјата се очекува и во иднина да го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерси.
Договорот на Леброн со Лејкерси истекува на крајот од сезоната 2022/2023, меѓутоа веќе се започнати преговорите за продолжување на соработката. Четирикратниот освојувач на шампионскиот прстен е задовоелн во Лејкерси и тимот е задоволен од него.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа останува една дилема. Дали договорот ќе биде продолжен за уште една сезона со што би добил 47 милиони долари или две за кои Лејкерси се спремни да му исплатат 91 милион.
Во новата сезона Леброн ќе наполни 38 години, но тоа не треба многу да загрижува затоа што во минатата сезона имаше просек од 30.3 поени, 8.2 скока и 6.2 асистенции по натпревар.