Дома Фудбал Ла Лига има план: Не е праведно сега да прогласиме шампион

Ла Лига има план: Не е праведно сега да прогласиме шампион

Во Ла Лига инсистираат на завршување на сезоната.

Како што беше потврдено претходно денес европските шампионати ќе продолжат. УЕФА го одложи Европското првенство за да ослободи термини за националните првенства.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По ваквата одлука во јавноста се олгаси Претседателот на фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес.

„УЕФА на сите ни порача дека првенствата треба да завршат, ако може до 30. јуни, но не е исклучено некои да потраат и подолго. Нашиот план е да продолжиме со натпреварувањето во Ла Лига. Не би било праведно да се прогласи шампион според актуелната ситуација, а уште помалку да ја поништиме сезоната. Исто така, немаме датум за финалето во купот, но сакаме тоа да се игра со навивачи. Размислуваме да се игра на 31. мај“, изјави Рубиалес.

Во овој момент Барселона е лидер со 58 бодови, Реал Мадрид има 56.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер на Јувентус открива: Роналдо јадеше трева поради Сари

Се сеќавате ли на Џанлука Фработа? Навивачите на Јувентус сигурно – станува збор за …