Од поодамна фудбалскиот свет не следел драма каква што се случува околу Лионел Меси.
Меси денес конечно се огласи и порача дека во неговиот договор не постои откупна клазула од 700 милиони евра како што тврдат Барселона и Ла Лига (целото соопштение на Меси прочитајте го тука). Меѓутоа не требаше многу, не помина ниту еден час и Ла Лига му возврати на Аргентинецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во краткиот одговор од Ла Лига се наведува дека тие остануваат на својот првобитен став бидејќи сметаат дека Меси ги извадил работите од контекс за да ги сврти во своја корист.
Тимот на Меси тврди едно, Ла Лига и Барселона друго. Лео сака да замине без оштета и тврди дека има право на тоа.
Останува да видиме на крајот кој ќе излезе како победник од оваа „војна“.