Дома Трансфер зона Лајпциг нема намера да ја намали цената на Вернер

Лајпциг нема намера да ја намали цената на Вернер

Раководството на Лајпциг нема наремара да ја намали цената на Тимо Вернер, кој во последно време се поврзува со многу европски гиганти.

„Лајпциг нема намера да ја намали откупната клаузула за Тимо Вернер. Тоа нека им биде јасно на сите заинтересирани клубови за напаѓачот“, изјави претседателот на клубот, Оливер Минтцлаф.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Вернер во договорот има откупна клаузула од 55 милиони евра која важи до 15-ти јуни, а после тоа таа ќе порасне до 64 милиони евра.

Ливерпул важи како фаворит за неговиот потпис, но не е спремен да ја плати оваа сума.

Во трката за напаѓачот се уште Челзи, Манчестер Јунајтед и Интер, па останува да видиме дали овие клубови се спремни да ја платат откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмунд е спремна да слушне понуди за напаѓачот Карим Адејеми, а неколку европск…