Дома Трансфер зона Лацио потврди: Одбивме 110 милиони за Милинковиќ-Савиќ

Лацио потврди: Одбивме 110 милиони за Милинковиќ-Савиќ

Ѕвездата на Лацио, Сегер Милинковиќ-Савиќ е главна трансфер цел на неколку европски гиганти и неговата цена во моментов е поголема од 100 милиони евра.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито потврди дека клубот одбил понуда „тешка“ 110 милиони евра и дека тој што го сака Милинковиќ-Савиќ ќе треба да плати повеќе од таа сума.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Можам само да ви кажам дека одбив понуда за Милинковиќ Савиќ од 110 милиони евра минатиот август. Колава е сега неговата цена? Не знам, но знам дека 100 милиони евра нема да бидат доволни за да го пуштиме“, изјави Лотито.

„Се лутам кога луѓето велат дека Лацио е супермаркет. Ниту еден играм моментално не е на продажба. Пред неколку години големите клубови доаѓаа овде и ги земаа најдобрите играчи, сега повеќе не е така“, заклучи Лотито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…