Дома Фудбал Италија Лацио повторно во последна секунда, овој пат „жртва“ беше Јувентус?

Лацио повторно во последна секунда, овој пат „жртва“ беше Јувентус?

Лацио и Јувентус одиграа исклучително возбудлив натпревар на „Олимопико“, кој на крајот заврши без победник (1:1).

Јувентус подобро го отвори натпреварот и брзо дојде до водство со голот на Кристиано Роналдо.

„Старата дама“ потоа го контролираше мечот и можеше да ја зголеми предноста, но Роналдо ја погоди стативата.

Лацио во вториот дел се обидуваше со сите сили да дојде до израмнување, но не успеваше да го совлада Шчешни.

Кога се чинеше дека Јувентус ќе ги однесе трите бода во Торино, повторно неверојатниот Каиседо во последната секунда од мечот донесе израмнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Карим Бензема за својата иднина: „Ќе останам во Ал Хилал“

Карим Бензема стави крај на шпекулациите за својата иднина и потврди дека планира да остан…