Дома Фудбал Италија Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.

Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал преговори за продолжување на соработката со Аргентинецот.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Според информациите во првите денови од 2024 година треба да биде објавен и новиот договор, кој ќе биде до 2028 година.

Лаутаро има договор до 30 јуни 2026 година, а оваа сезона има постигнато 15 гола на 19 натпревари во сите натпреварувања.

Со новиот договор Лаутаро ќе добие зголемување на платата и ќе биде најплатен фудбалер во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Барселона договори нов голман!

Барселона е на пат да го направи следниот трансфер изненадување со потпишување на нов голм…