После заминувањето на Карим Бензема, приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Најновото име во списокот на Анчелоти е ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година, но Интер не ја исклучува можноста за продажба доколку стигне понуда повисока од 100 милиони евра.
Лаутаро игра фантастична сезонa, а Реал наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент и е спремен да испрати богата понуда.
Самиот Лаутаро не ја исклучува можноста за трасфер во Мадрид, но за својата иднина ќе размислува после финалето во Лигата на шампиони.
🚨💣 CONFIRMED: Lautaro Martinez has been identified by Real Madrid as a potential Benzema replacement. @thetimes pic.twitter.com/zeWwvFqHSd
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 9, 2023