Дома Трансфер зона Лаутаро Мартинез го шокира Интер

Лаутаро Мартинез го шокира Интер

„Сапуницата“ околу иднината на Лаутаро Мартинез се чинеше завршена кога неговиот агент изјави дека Аргентинецот останува во Интер.

Меѓутоа, „Кориере дело Спорт“ пишува дека „играта не е готова“ и дека агентите го шокирале Интер со барањето за нов договор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, Лаутаро имаше понуда од Барселона од 10 милиони евра по сезона, па сега Аргентинецот бара 8 милиони евра годишно од Интер за да стави потпис на нов договор.

Интер не е спремен да му понуди повеќе од 5,5 милиони евра, па приказната за трансфер во Барселона е се уште во игра.

„Нероаѕурите“ се свесни за целата ситуација, па би можеле да го продадат до крајот на преодниот рок бидејќи следното лето цената на Лаутаро може да биде помала бидејќи ќе има пократок договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…