Дома Трансфер зона Лас Палмас: Го сакаме Хесе, но немаме пари!

Лас Палмас: Го сакаме Хесе, но немаме пари!

Шпанскиот репрезентативец Хесе Родригез минатото лето пристигна како големо засилување вп ПСЖ, но после само 6 месеци би можел да ја промени средината.

Хесе не е задоволен со својот статус во ПСЖ каде запиша само 14 настапи, а со доаѓањето на Дрекслер додатно ќе се намали неговата минутажа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Медиумите тврдат дека најголем интерес за него покажува Лас Палмас, клубот од неговиот роден град каде 23-годишниот Шпанец би сакал да се врати на позајмица до крајот на сезоната.

„Хесе би сакал да дојде во Лас Палмас, но има плата која ние не можеме да му ја приуштиме. Во Европа има многу големи клубови кои се спремни да му дадат толкава плата. Поради тоа тие се во предност, а нас ни останува само да чекаме“, изјави првиот човек на клубот, Мигел Анхел Рамирез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…