Дома Видео Лас Вегас го чинеше над 3 милиони долари: Боксерот Чавез ограбен од секси девојки (видео)

Лас Вегас го чинеше над 3 милиони долари: Боксерот Чавез ограбен од секси девојки (видео)

Мексиканскиот боксер Хулио Цезар Чавез нема по добро да го памети престојот во Лас вегас, каде во две вечери најпрвин го загуби мечот за титула од Канел Алварез, а потоа четири девојки го ограбија во хотелот во кој бил сместен.

Девојките по потеко од Велика Британија му собрале чек од три милиони долари, колку што добил боксерот за мечот, часовник вреден 40.000 долари и неговиот телефон, тврди сопругата од Чавез, Фрида, која била во истиот хотел, но во својата соба за време на грабежот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сопругата не го оправдува својот сопруг за скандалозното видео во кое се гали со секси девојки, но е убедена дека пред тоа тие го имале издрогирано ставајќи му нешто во пијалокот.

„Утредента кога дојдов во собата, на масата го немаше чекот од 3 милиони долари, ниту часовникот и телефонот“, тврди Фрида.

Интересна е единствено причината зошто семејството Чавез останало во Лас Вегас и ноќта после борбата – тоа било на инсистирање на Фрида која сакала да оди на концерт од Селин Дион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Вакво нешто ретко се гледа: Унгарец искористи маалска финта за да поентира 🎥

Во денешниот натпревар помеѓу Унгарија и Турција во квалификациите за Европското првенство…