Дома Трансфер зона Лапорт сака да го напушти Сити, Реал и Барса чекаат

Лапорт сака да го напушти Сити, Реал и Барса чекаат

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт сака да го напушти англискиот шампион, пренесува „АС“.

Барселона и Реал Мадрид покажуваат силен интерес за Лапорт, но Каталонците се во тешки финансиски услови и неможат да ја платат сумата која ја бара Сити за неговата слобода.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Поранешниот дефанзивец на Билбао одигра одлично на Европското првенство и сака да се врати во Шпанија.

Во Сити го изгуби првотимскиот статус и побарал од раководството да му биде дозволен трансфер.

„Граѓаните“ за неговиот потпис платиија 65 милиони евра, па не сакаат да го пуштат за помалку од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…