Весникот „АС“ објави дека Барселона во период од две години од 2016 до 2018 година му платила 1.4 милиони евра на поранешниот шпански судија Хозе Марија Енрикез Негреира.
Скандалот изби во момент кога Барселона има 11 бодови пред Реал Мадрид на врвот на табелата и е на добар пат да ја освои првата титула по 2019 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доколку биде докажано делото, на Барселона и се заканува одземање бодови, а во најлош случај и исфрлање од Ла Лига, пишуваат шпанските медиуми.
„Не негирам дека Барселона користела и платила за советодавни услуги поврзани со судењето, што е пракса во сите големи клубови. Ние веќе не го правиме тоа бидејќи сега имаме такви советници во клубот. Мора да знаете дека оваа приказна не излезе случајно во моментов кога ни оди многу добро. Не е случајно“, изјави претседателот Лапорта.