Дома Фудбал Лапорта: Не верувам повеќе во Суперлигата

Лапорта: Не верувам повеќе во Суперлигата

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта го промени мислењето околу формирањето на Суперлига.

Реал Мадрид, заедно со Барселона и Јувентус беа творци на првичната идеја за оваа лига, која се покажа како неуспешна.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Проектот на европските фудбалски гиганти траеше само неколку дена, а сега и Лапорта призна дека тоа било погрешна идеја.

„Во Суперлигата влегов како претставник на Барселона, но со критериумот да создадам отворена лига. Ајде да направиме шампионат, кој е отворен за сите. Тоа ми е многу важно. Верувам во националните фудбалски натпреварувања и за мене би било грешка ако Суперлигата ги замени националните лиги“.

„Мислам дека честите натпревари на големите клубови би биле заморни. Оние кои го сакаат фудбалот на крајот би се замориле. Убаво и здраво е помал тим да победи голем. Беше одлично кога Грција ја освои европската титула и кога Лестер беше шампион во Англија. Ттоа беше нешто посебно, тоа е фудбалот“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Павловиќ ги откри причините поради кои Пикси излегол со ваков тим против Данска

Репрезентацијата на Србија не успеа да се пласира во нокаут фазата на Европското првенство…