Дома Фудбал Лапорта му одговори на Тебас: Маските паднаа, сака да ја извалка Барселона

Лапорта му одговори на Тебас: Маските паднаа, сака да ја извалка Барселона

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас вчера го повика Жоан Лапорта да си поднесе оставка доколку не може да понуди разумно објаснување за случајот „Енрикез Негреира“.

Имено, откриено е дека Каталонците правеле милионски исплати кон потпретседателот на судискиот комитет Енрикез Негреира, па финансиската полиција отвори случај.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лапорта денес на вонредна пресконференција му одговори на првиот човек на Ла Лига.

„Некои веќе не предупредија дека Тебас промовира кампања против Барса и против мене, а веќе сме сигурни во тоа. Маската е симната и нема дилеми. Тој продолжува со опсесијата со Барса, опседнат е со Барселона и има фобија од нашиот клуб. Се сеќавам дека тој е личност која во кариерата веќе го покажа својот анимозитет кон Барса. Уште во 2005 година како потпретседател на Алавес се жалеше дека Меси не требал да игра за Барса“.

„Секој што ќе се обиде да ја извалка историјата и имиџот на Барселона ќе добие силен одговор. Во скоро време ќе одржиме прес конференција и ќе ги објасниме информациите со кои поседуваме. Интерна истрага веќе е во тек“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…