Дома Фудбал Лапорта дефинитивно го избрал фаворитот за наследник на Чеви – веќе учи шпански!

Лапорта дефинитивно го избрал фаворитот за наследник на Чеви – веќе учи шпански!

Oд Германија пристигнува вест дека Ханси Флик веќе почнал да учи шпански јазик и спремен е да ја прифати понудата од Барселона.

Оваа информација ја пласираше реномираниот „Билд“, а ја потврди и познатиот новинар Кристијан Фалк. Фалк истакнува дека Флик посетува часови по шпански јазик за да биде спремен за потенцијалниот ангажман во Шпанија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Повеќе не е тајна дека Лапорта го контактирал Флик кога сакал да го смени Роналд Куман, но тогаш Германецот одбил поради ангажманот во репрезентацијата на Германија.

Сега ситуацијата е поинаква, Флик си го расипа угледот со лошиот период на клупата на Германија, додека претходно одлично работеше во Баерн Минхен. Барселона за него би била прилика да се врати на голема врата.

Токму водејќи го Баерн на Барселона и го нанесе еден од најтешките порази во историјата со резултат 8:2. Флик е тренер кој негува офанзивен и директен фудбал, нешто што сигурно би им се допаднало на навивачите на каталонскиот гигант.

Доколку Барселона има и пари да ги исполни желбите на Флик во летниот преоден рок, тогаш дефинитивно тој може да биде идеално решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…