Дома Трансфер зона Лампард сака веднаш да го продаде: Ѕвездата на Челзи си заминала дома на полувремето против ВБА?

Лампард сака веднаш да го продаде: Ѕвездата на Челзи си заминала дома на полувремето против ВБА?

Челзи минатиот викенд на гостувањето кај Славен Билиќ и ВБА губеше со 3:0 на полувремето и на крај успеа да се спаси од пораз. Натпреварот на крја заврши 3:3.

Еден од најлошите во првите 45 минути беше Шпанецот Маркос Алонсо кого Френк Лампард го остави на клупа на полувремето, но тој направил нешто што ги разбеснило луѓето во лондонскиот клуб.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како што објавија англиските медиуми Алонсо си заминал веднаш на полувремето и не го гледал второто полувреме во кое за малку неговите соиграчи не направија чудо.

Лампард според информациите веднаш реагирал и му порачал на Алонсо дека мора да се извини за она што го направил. Дури се тврди дека и дека стратегот на Челзи побарал ако е можно клубот да го продаде во овој преоден рок кој е отворен до 5. октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…