Легендарниот играч за врска на Челзи, Френк Лампард доби понуда за тренерска работа.
Како што пренесува „Sky Sports“, Лампард одржал разговори со управата на Оксфорд Јунајтед, екипа која се натпреварува во Лига 1. Клубот остана без тренерот Мајкл Аплетон, кој сега е помошник на Крег Шекспир во Лестер Сити, па во Оксфорд се принујдени да најдат нов тренер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тие наводно имаат неколку кандидати за таа функиција, вклучувајќи ги Пеп Клотет, кој работеше како асистент во Свонси Сити и Лидс Јунајтед. Сепак, одлучиле најголеми шанси да му дадат на Френк Лампард кој зад себе има неверојатно големо искуство како фудбалер.
Тој со Челзи освои три титули шампион на Англија, четири ФА Купови, како и најголемиот трофеј во клупскиот фудбал – Лигата на Шампионите. Одигра 106 натпревари за репрезентацијата на Англија, а освен тоа, рекордер е во Челзи со дури 211 постигнати голови за овој клуб.
Во текот на кариерата работеше со тренери како Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, Рафа Бенитез и Клаудио Раниери, тренери кои сигурно имаат големо искуство.
Потсетуваме, тој кариерата ја заврши во февруари, така да понуда за првата тренерска работа ја доби многу брзо.