Легендарниот фудбалер на Челзи, Френк Лампард беше премногу среќен бидејќи „Сините“ синоќа ја освоија Премиер лигата, но ја искористи можноста и да ги предурпеди пред следната сезона.
Имено, Лампард се сеќава дека Челзи стана шампион пред две години, а потоа следната сезона беше десетти на табелата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За да не се повтори такво сенарио и следната сезона, Лампард одлучи на време да ги предупреди играчите на својот поранешен клуб.
„Тоа ќе биде голем тест следната сезона. Тоа е веќе втора сезона за Конте и формацијата на Челзи нема да биде изненадување. На фудбалерите ќе им биде втора година заедно, а минатата година видовме како заврши тоа. Освен тоа, сите други тимови, освен Тотенхем, потфрлија и ќе се вратат посилни“, предупреди Лампард.
Потсетуваме дека поранешниот играч за врска во Челси помина 13 години и тоа од 2001. до 2014. година.