Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи е силно заинтересиран за играчот на Тотенхем, Ерик Ламела.
Новиот тренер на Наполи, Лучијано Спалети го одредил Ламела како примарна трансфер цел во летниот преоден рок.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Аргентинецот својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во Серија А, од каде се пресели во Тотенхем.
Ламела не добива голема минутажа оваа сезона и е спремен да се врати во Серија А.
28-годишниот Аргентинец на лето влегува во последната година од договорот, а Тотенхем за неговата слобода бара 15 милиони евра.