Францускиот напаѓач како што стојат рабтотите ќе си замине од „Емирати“.
Реномираниот шпански медиум, „Мундо Депортиво“ објави дека напаѓачот Александар Лаказет преговара со еден тим од шпанската Примера.
Тој наводно ја ивестил управата дека ова лето сака да ја промени средината за да се придружи на еден шпански клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако, не се открива име, се шпекулира дека клубот во кој сака Лаказет да се пресели е Атлетико Мадрид. Овој клуб ќе остане без Антоан Гризман кој потврди дека заминува. Ќе го ангажираат Жоа Феликс од Бенфика за кого ќе платат 126 милиони евра, но постои можност од клубот да замине и Диего Коста, додека Челзи се закани дека ќе го врати Алваро Мората од позајмица.
Лаказет во дресот на Арсенал постигна 36 голови, 19 во минатата сезона, одлично се вклопи со Обамејанг, но овој тандем наскоро би можел да биде разделен, барем ако судиме според пишувањето на „Мундо Депортиво“.