Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров доби ново признание откако во изборот на реномираната интернет страница „Хендбол-планет“ беше изгласан за најдобар десен бек во изминатата декада.
Во оваа анкета Лазаров освои 67% од гласовите, во гласови освои 6.400 и заврши пред Ласло Наѓ (2.179 гласа) и Алекс Душебаев (997 гласа). Лазаров собра и најмногу гласови од жирито (34).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тимур Дибиров од Вардар победи во изборот на најдобро лево крило, признание доби и поранешниот голман на Вардар Арпад Штербик.
Никола Карабатиќ победи во изборот за најдобар ракометар во декадата.
ТИМОТ НА ДЕКАДАТА:
Лево крило на декадата: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек на декадата: Микел Хансен (ПСЖ)
Плејмејкер на декадата: Домагој Дувњак (Кил)
Десен бек на декадата: Кирил Лазаров (Нант)
Десно крило на декадата: Лук Абало (Елверум)
Голман на декадата: Арпад Штербик (пензиониран)
Пивот на декадата: Бјарте Мирхол (Скјерн)
Дефанзивец на декадата: Виран Морос (ПСЖ)