Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров ги избра 19. ракометари кои ќе патуваат за Финска

Лазаров ги избра 19. ракометари кои ќе патуваат за Финска

Утре репрезентацијата на Македонија ќе го игра натпреварот против Финска во рамките од квалификациите за Европското првенство во Словачка и Украина.

Селекторот Кире Лазаров денес ги избра ракометарите на кои ќе смета за овој дуел.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Македонија патува со 19 ракометари меѓу кои ќе бидат Кире Лазаров и неговиот помошник Филип Миркуловски. Тука се голманите Митревски, Томовски и Кизиќ, крилата Манасков, Георгиевски, Костески и Маџовски, пикерите Стоилов, Пешевски и Марковски како и бековите Ѓогиев, Талески, Кузмановски, Мишевски, Велковски, Серафимов и Младеновиќ.

Може да  се забележи дека има поголем број на бекови, па затоа нема да биде изненадување ако Лазаров и Миркуловски утре не играат.

Треба да споменеме дека од претходниот список отпаднаа Михаил Аларов од Пролет и Емилијан Ѓорговски од КЛ7.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…