Главниот спонзор на освојувачот на Лигата на шампионите од 2016 година, Кејлце се повелече од клубот.
Компанијата ВИВЕ поради кризата од коронавирусот се повлече од клубот. Актуелниот претседател Бертус Сервас и онака имаше проблем со финансирањето, па ова сигурно ќе биде тежок удар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лошите вести за клубот тој ги соопшти на прес-конференција.
„Ова ви го соопштувам со голема болка. Коронавирусот донесе нови предизвици. На крајот моравме да бираме помеѓу клубот и судбината на 2.000 работници и нивните семејства. После 18 години заедничка работа продолжуваме да се бориме. Останувам со клубот. Со сите акции кои ги превземавме за наредната сезона, ни недостасуваат околу 600.000 евра за да можеме да функционираме. Ќе побараме помош од градот, луѓето кои го сакаат клубот, институциите. Нашиот слоган во овие 18 години беше „играме заедно“, изјави Бертус Сервас на конференцијата за медиумите.
Овој развој на ситуацијата пак може да му одговара на Вардар. Црвено-црните некое време се поврзуваат со можно враќање на Игор Карачиќ. Карачиќ подолго време е во Македонија и е во постојант контакт со играчите на Вардар што може да се види и од социјалните мрежи. Ќе видиме дали лошата ситуација во Кјелце Вардар ќе ја искористи да го врати Кара.