Дома Фудбал Италија Кјелини не ја отфрла можноста да игра и по наредната сезона

Кјелини не ја отфрла можноста да игра и по наредната сезона

Искусниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини не ја отфрла можноста да игра и по наредната сезона.

Тој скоро сигурно останува во редовите на Старата дама уште една година иако договорот му истекува ова лето.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сепак, преку вклучување на Инстаграм во живо не ја отфрли можноста дека и после новата сезона може да продолжи да игра.

„Ќе играм уште една сезона, а потоа ќе видам како се чувствувам. Можам да се опростам следното лето, а можам по неа да одиграм уште една.“ – рече Кјелини.

Исто така додаде дека се надева дека ќе може да игра и на ЕП кое е одложено за следното лето.

Инаку, овој 35-годишен фудбалер е член на Јувентус уште од 2005. година, кога пристигна од Фиорентина. Оваа сезона имаше големи проблеми со коленото и одигра само три натпревари во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бивш играч на Реал Мадрид се потсмева на Јамал поради… капата

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Хосе Марија Гутиерес-Гути се потсмева на Ламин Јамал, …