Дома Фудбал Останато Кутињо со изјава ги израдува сите навивачи на Ливерпул

Кутињо со изјава ги израдува сите навивачи на Ливерпул

Се повеќе и повеќе шпанските весници тврдат дека Кутињо во јануари ќе се пресели на „Камп Ноу“, додека од Ливерпул мудро молчат.

Кутињо сега се обрати на јавноста и откри дека потполно закрепнал од повредата и дека е подготвен да игра во пријателскиот натпревар против Англија. Потсетуваме, Бразилецот поради повреда не играше за Ливерпул изминатите три натпревари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сега сум 100% подготвен. Бев повреден и пропуштив три натпревари, но сега се враќам и потполно сум подготвен за натпреварот. Секогаш ми е чест да го носам националниот дрес. Ќе ми биде и чест да играм на тој натпревар“, изјави 25-годишниот фудбалер.

„Играм во една од најдобрите лиги во светот. Среќен сум. Но, сега ми е важно да се концентрирам на репрезентацијата на Бразил. Во моментов сум задоволен од својот живот“, додаде Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта: Изгледа дека во Шпанија судиите секогаш му помагаат на Реал Мадрид

Жоан Лапорта официјално ќе ја преземе должноста во неговиот трет мандат како претседател н…