Дома Трансфер зона Кутињо со еден потег откри дека заминува од Барселона

Кутињо со еден потег откри дека заминува од Барселона

Фелипе Кутињо е на излезни врати од Барселона и после последните постапки на фудбалерот ќе биде навистина изненадување ако и наредната сезона го гледаме во дресот на Каталонците.

Пред неколку дена беше забележано дека Кутињо го отстрани описот кој го поврзуваше со Барселона, а сега одново Бразилецот направи потег со кој најавува дека ќе замине.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Имено, медиумите пишуваат дека Кутињо го отпишал своите деца од школата на Барселона.

Кутињо се помалку е дел од плановите на Барселона и после ова може да се каже и дека ќе биде изненадување ако сезоната ја започне во Каталонија.

Како следна дестинација на Бразилецот се споменува Пари Сент Жермен, а интерес за него покажува и неговиот бивши клуб Ливерпул, кој сака да го врати на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…