Фелипе Кутињо и официјално е представен на Камп Ноу, го избра и бројот кој ќе го носи во својот нов клуб.
Бразилецот ја “задужи” 14-ката, број кој во Барса ја носеше легендарниот Јохан Кројф, но навивачите на каталонскиот гигант ќе мора да почекаат да го видат на теренот.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Имено, од Барса соопштија дека Кутињо нема да биде спремен за игра уште најмалку три недели и тоа поради проблеми со бутниот мускул кои му беа откриени на лекарските прегледи.
Па така, Кутињо сигурно нема да биде на располагање на Валвреде за претстојните натпревари на Барса во Ла Лига и Кралскиот куп, но навивачите може да бидат задоволни што го добија долго посакуваното засилување.