Дома Топ вести Кутињо му порача на Ливерпул: Не играм повеќе!

Кутињо му порача на Ливерпул: Не играм повеќе!

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо повторно се наоѓа во центарот на трансфер шпекулациите, па се чини дека го гледаме истото сценарио како минатото лето.

Не е тајна дека Барселона веќе неколку месеци се обидува да го донесе Кутињо на „Камп Ноу“, но Ливерпул не сака да се откаже од својата најголема ѕвезда. Бразилецот вчера не играше против Барнли, што додатно ги засили шпекуалциите дека сака да се пресели во Барселона.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека 26-годишниот Бразилец нема повеќе желба да игра за Ливерпул и дека не сака да го испушти и овој „воз“ за Барселона.

Наводно Кутињо му порачал на раководството на Ливерпул дека не сака да игра додека не се реши неговиот трансфер.

„Мундо Депортиво“ денес објави дека Барселона спрема понуда од 110 милиони евра, плус 40 милиони како бонуси и се оптимисти дека трансферот ќе се реализира на почетокот од наредната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…