Дома Фудбал Англија Кутињо виден во просториите на новиот клуб

Кутињо виден во просториите на новиот клуб

Фелипе Кутињо е блиску до реализација на нов трансфер.

Бразилецот и неговиот агент се видени во Лондон, каде во просториите на Арсенал имале разговори со челниците на клубот и се поизвесно е дека овој фудбалер од следната сезона ќе игра во дресот на Топџиите.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Околу тоа се зборува веќе подолго време. Арсенал е подготвен да го донесе Бразилецот на едногодишна позајмица, а трансферот наводно би требало да биде завршен многу брзо.

Кутињо претходната сезона ја помина на позајмица во Баерн. Меѓутоа, Баварците не сакаа да го откупат договорот од каталонскиот клуб, но и Барселона нема намера да го задржи.

Да потсетиме, Барселона во јануари 2018. година на Ливерпул му плати 160 милиони евра за услугите на овој фудбалер, но тој не се прослави во дресот на тимот од Камп Ноу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…