Дома Топ вести Куртоа „удри“ по Симеоне: Го критикува Реал за да биде популарен!

Куртоа „удри“ по Симеоне: Го критикува Реал за да биде популарен!

Голманот на Реал Мадрид и некогашен член на Атлетико Мадрид, Тибо Куртоа го обвини Диего Симеоне дека го критикува „кралскиот“ клуб за да им се „додворува“ на „јорганџиите“.

Аргентинецот постојано го критикува Реал Мадрид, а неодамна изјави дека не се согласува за изборот на Лука Модриќ за најдобар фудбалер и за изборот на Куртоа за најдобар голман.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Симеоне нас не критикува, како би стекнал поголема популарност помеѓу навивачите на Атлетико Мадрид. Секогаш го прави истото и секогаш му успева, бидејќи ривалството помеѓу двата клубови е големо“, истакна Куртоа.

„Секое мислење треба да се почитува. Но, јас бев дел од Атлетико и кога се борите со клуб каков што е Реал, секогаш мора да го тргнет евниманието и да го насочите кон сосема друга приказна“, заклучи голманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола лут на правилото поради кое неговото ново засилување не можеше да игра

Манчестер Сити обезбеди место во финалето на Лига Купот каде што ќе се соочи со Арсенал за…